Уште само два дена до завршувањето на Гараж Сејл во Рамстор

Остануваат уште само два дена до завршувањето на големото шопинг лудило кое трае веќе неколку дена во Рамстор Мол. Големото намалување во продавниците на Рамстор завршува на 27.08.2014 година.

Се со цел да одговорат на големата заинтересираност на јавноста за акцијата, брендовите секојдневно на своите штандови пред продавниците изложуваат нови парчиња кои може да се купат и на попуст до 85%.  Од почетокот на кампањата голема гужва може да се забележи и во маркетот во трговскиот, кој нуди производи по навистина намалени цени.
Во овогодинешната програма на Гараж Сејл, Рамстор воведе и една новина, а тоа е музичкиот дел во кој настап имаа два бенда Eye Cue и Марко Log out.
Гараж Сејл започна на 20.08 и ќе трае се до среда (27.08). Побрзајте и искористете ги последните денови од ова неверојатно шопинг случување во Рамстор Мол кое во целост се одвојува од останатите попуст акции.

- Реклама -