Ракометниот клуб Вардар во последниве три години на двапати ја гасне огромната жед за радост кај народот на оваа наша мала и комплицирана државичка. Дел од граѓаните сметаат дека сега е нивниот ред да ја возвратат љубовта и несебичната борбеност – со несебичност кон клубот, или во случајов – кон неговите најстрастни навивачи, што е едно-исто, во суштина.
Меѓу нив е и познатиот скопски тату мајстор – SPASOWSKY, кој најави дека ќе се погрижи многумина никогаш додека се живи да не ги заборават овие моменти. Имено, тату студиото на Спасовски во среда ќе биде резервирано исклучиво за фановите на Вардар и, нормално, ќе тетовира само вардарски симболи. И тоа за беспари, впрочем исто како што и ракометарите на Вардар ја освоија оваа втора шампионска титула!
„По повод победата на нашиот СВЕТСКИ ШАМПИОН студиото SPASOWSKY во среда ке работи само за фановите на ВАРДАР. Секој кој сака ВАРДАР тетоважа ке ја добие ГРАТИС 😁 БРАВО ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ 🇲🇰“, соопшти Спасовски.