УС Опен: Синер убедливо до третото коло


Моментално тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер лесно се пласирапе во третото коло на последниот „гранслем“ турнир во сезоната, УС Опен што се игра во Њујорк, откак во мечот од второто коло. со 6-4, 6-0, 6-2 го победи Американецот Алекс Михелсен.

Во третото коло Синер ќе игра против Австралиецот Кристофер О’Конел кој со 6-3, 6-4, 3-6, 6-3 го совлада Италијанецот Матија Белучи.

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО,

ТЕНИСЕРИ:

Јаник Синер (Италија/1) – Алекс Михелсен (САД) 6-4, 6-0, 6-2

Кристофер О’Конел (Аврстралија) – Матија Белучи (Италија) 6-3, 6-4, 3-6, 6-3

Томаш Мачак (Чешка) – Себастијан Корда (САД/16) 6-4, 6-2, 6-4

Матео Арналди (Италија/30) – Роман Сафјулин (Русија) 6-2, 6-4, 6-4

Џордан Томпсон (Австралија) – Хуберт Хуркач (Полска/7) 7-6 (2), 6-1, 7-5

ТЕНИСЕРКИ:

Дијана Шнајдер (Русија/18) – Клара Таусон (Данска) 6-4, 6-4

Ана Калинскаја (Русија/15) – Ана Бондар (Унгарија) 6-2, 6-4

Јулија Путинцева (Казахстан/30) – Ванг Ксинју (Кина) 6-1, 7-6 (4)

Јасмин Паолини (Италија/5) – Каролина Плишкова (Чешка) – предаена

- Реклама -