УС Опен: Медведев го декласираше Борхес, Хадад Маија ја надигра Возњацки


Русинот Данил Медведев, победникот на УС Опен пред три години, се пласираше во четвртфиналето на овогодинешното издание на последниот тениски гран-слем турнир, декласирајќи го Португалецот Нуно Борхес во четвртото коло со 6-0, 6-1, 6-3.

Во четвртфиналето Медведев ќе игра против подобриот од дуелот на светски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер и Американецот Томи Пол.

Малку подоцна Бразилската тенисерка Беатриз Хадад Маија се пласираше во четвртфиналето совладуваајќи ја Данката Каролине Возњацки со 6-2, 3-6, 6-3.

Хадад Маија во четвртфиналето ќе игра против минатогодишната полуфиналистка Каролина Мучова од Чешка, која ја победи Италијанката Јасмин Паолини со 6-3, 6-3.

Враќајќи се на ВТА турнирите, поранешната играчка број еден во светот а сега мајка на две деца, 34-годишната Возњацки одигра уште еден одличен турнир, но не успеа да ги повтори своите најдобри резултати од Њујорк, каде настапуваше во финалињата во 2009 и 2014 година.

- Реклама -