Суарез доаѓа во Гремио после само шест месеци откако се врати во својот матичен Национал од Монтевидео, па сега го чека нов предизвик за кој и самиот вели дека едвај го чека и му предизвикува многу голема возбуда.
„Подготвен сум за еден прекрасен предизвик во Гремио и многу среќен што ќе сум дел од овој клуб. Сакам да се заблагодарам на сите за љубовта што ми ја испративте, се гледаме наскоро на теренот“, рече Суарез.