Уредувајте видеа онлајн со YouTube Video Editor

youtubevideoeditorYouTube лансираше нова алатка за уредување на видеа која ќе ви овозможи да ги монтирате своите видеа во броусерот.

YouTube лансираше нова алатка за уредување на видеа која ќе ви овозможи да ги монтирате своите видеа во броусерот.

youtubevideoeditor

Новиот уредувач дефинитивно нема да ги смени софтверите за десктоп како iMovie или Windows Live Movie Maker наскоро, но на добар пат е да им обезбеди на своите корисници основни алатки за комбинирање на видеа како сечење и додавање песни.

Ова не е првпат YouTube да експериментира со уредување видеа во броусер. YouTube Remixer беше објавен во 2007 година, но поради неговата платформа (Flash и други Adobe технологии) која се покажа како лимитирачка и со многу грешки, проектот заврши релативно брзо.

Новиот уредувач е голем чекор напред, бидејќи работи главно на JavaScript. Интерфејсот е лесен и едноставен, а за да започнете со уредување само префрлете ги сликичките од вашите аплоадирани видеа во филмската лента на дното. Веднаш ќе забележите како курсорот ќе се претвори во ножичка. Кликнете на сликичките за „сецкање“ на видеата.

Постои и опција за додавање музика на вашите клипови, но селекцијата е ограничена, а поради некои песни може да се појават и реклами во финалното видео.

{youtube}4YsQ6f125GY{/youtube}

- Реклама -