Урбаната приказна на ARTHUR’S продолжува во ТЦ Рамстор

Број еден компанијата за увоз на спортска опрема ARTHUR’S, вчера (22.11) отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор.

1463022_714697608548837_239253205_n

Љубителите на урбаниот стил и спортувањето добија уште едно место за купување на спортска облека и на омилените старки и DR. Martens. На отварањето, кое беше исполнето со многу забава, дружење и наградување, присуствуваа голем број на посетители и јавни личности, меѓу кои Влатко Стефановски и Бени кои се потпишаа на гитарите во продавницата.

1235213_714697201882211_598495814_n 1471096_714697445215520_1121038153_n

„Со ARTHUR’S пораснаа многу генерации, а цел на компанијата е таа приказна и понатаму да се развива. Поради тоа денеска ја отвараме петтата продавница во Скопје. Посебно сме горди на тоа што ARTHUR’S прерасна во препознатлив бренд, а нашите легендарни старки и DR. Martens како и останатите брендови, од отворањето на првата продавница ги освоија симпатиите на потрошувачите“, изјавија од менаџментот нa ARTHUR’S.

1469920_714697131882218_1871815379_n

Сите присутни на отварањето имаа можност да купуваат по намалени цени, а еден од нив кој се покажа најдобар на натпреварот во најбрзо нанижување врвки на старки доби подарок патики од богатата колекција на Converse. Но, ARTHUR’S мисли на сите. Освен на победникот, им додели награди и на останатите учесници во натпреварот.

1425607_714696901882241_1133660183_n

Додека посетителите ги разгледуваа моделите од најновите колекции на брендовите Converse и Dr.Martens, за добрата забава се погрижи бендот Амон Мра.

1470145_714697351882196_794343811_n

Освен оваа, ARTHUR’S има уште четири продавници во Скопје и тоа во ГТЦ и во трговските центри Беверли Хилс, Мавровка и Skopje City Mall.

За компанијата ARTHUR’S

ARTHUR’S е застапник на брендовите Converse, Arena, Dr.Martens, Fila, Lomer и Mondeox. На македонскиот пазар е присутен 22 години во текот на кои изгради традиција на урбана компанија. ARTHUR’S во Скопје има пет продавници: ГТЦ, ТЦ Беверли Хилс, ТЦ Мавровка, ТЦ Skopje City Mall и ТЦ Рамстор. Големата разновидност на чевли, чизми и облека допринесуваат брза експанзија на брендот на територијата на Македонија, издигнувајќи го на тој начин ARTHUR’S меѓу најдобрите увозници за спортска облека и опрема во земјата, а дистрибутивната мрежа се шири и кон други помали и поголеми градови како: Велес, Кочани, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Битола и Гостивар, но и надвор од земјава, во Косово.Повеќе информации на Facebook страната на ARTHUR’S (https://www.facebook.com/arthursmk).

- Реклама -