Ураганот Харви спореден со ураганот Катрина, ако беа една капка

Тешко е да се замисли количината на дожд што падна во Хјустон и околината во изминатите неколку дена. Некои метеоролошки станици во регионот регистрираа од 76 до 100 сантиметри, а се очекува уште дожд. „Преведено“ на терен, овие бројки значат дека сега автопатите на Хјустон повеќе изгледаат како реки, а над 30.000 луѓе имаат потреба од привремено засолниште.

Според метеорологот Рајан Мауе од WeatherBell, до понеделникот попладнето, врз Хјустон и околината паднаа околу 14 до 15 милијарди галони вода, а се очекуваат 5 нови. Пресметката е едноставна, објаснува тој на Твитер – длабочината на дождот помножено со бројот на квадратни милји кои се покриени со вода.

Освен преку апокалиптични сцени како овие погоре, друг начин да се визуелизира таа количина е да се замисли како една џиновска капка. Еве ги, ураганите Харви и Катрина рамо до рамо. Харви дефинитивно потсетува на големината на нуклеарна печурка.

Колку за референца, еве како би изгледале и врз Менхетн и Вашингтон (кликнете на сликата за да ја зголемите):

- Реклама -