Упс! Серена Вилијамс заборави дека не е најдобра во светот (ВИДЕО)

Серена Вилијамс ја победи Симона Халеп (6:1, 4:6, 6:4) и се пласираше во четвртфиналето на Australian Open. Халеп е првата што на овој турнир успеа да ѝ земе сет на Вилијамс, а малку ја делеше и од победата, ако не беа трите пропуштени брејк топки на 3:3 во третиот сет, по кои Халеп го изгуби клучниот сервис.

Освен сјајниот тенис, мечот го одбележа и невнимателната, но симпатична грешка на Серена Вилијамс на почетокот. Имено, кога спикерот ја најави „тенисерката број 1 во светот“, Вилијамс по навика и без многу размислување побрза да излезе на теренот. Проблемот е што тенисерката број 1 во моментов е токму Романката Халеп, додека Серена е на 16-тото место на ранкингот. Веќе следниот момент таа се сепна и направи полукруг назад кон тунелот, но веќе беше предоцна – и Халеп и публиката слатко се насмевнаа.

 

Се разбира, ваквата грешка на Вилијамс не беше лошо сфатена. Во периодот од 2002 до 2017 жената помина вкупно 319 недели на врвот на светскиот женски тениски ранкинг, па ваков „упс“ е сосема разбирлив.

 

- Реклама -