Упорните мозолчиња околу усните

Постои едно прашање кое што многумина си го поставуваат, а тоа е „како да се решиме од упорните мозолчиња околу усните“?

За да ги расчистиме дилемите, пренесуваме еден конкретен одговор од страна на стручно лице, од областа на дерматологијата.

Еве го најпрво прашањето во целост:

Веќе 10 години имам проблеми со акни, кои постојано се појавуваат на исто место – околу усните. Ми помага само тоник на база на антибиотик, поточно клиндамцин. Веднаш штом ќе престанам да го користам повторно се појавуваат. Ме интересира, зошто се случува тоа и како да ги отстранам еднаш, засекогаш?

Одговор:

Ви советувам да направите лабораториски микробиолошки преглед, брис за содржината на акните, на бактериите и кандида.

Доколку се открие создавачот на инфекцијата, ќе добиете соодветна терапија.

Во спротивно, можно е да се работи за периорален дерматитис чија причина не е позната, или за акни кои се локализирани околу усните.

Во секој случај, неопходно е да ве прегледа дерматолог, за да постигнете трајно решение.

- Реклама -