УНРВА во очај поради прекинот на финансирањето по обвинувањата од Израел

Од Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) изјавија дека се очајни бидејќи се повеќе земји го прекинуваат финансирањето, по обвинувањето на Израел дека некои вработени биле вмешани во нападот што го изврши палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година врз израелска територија.

Досега прекин на финансирањето најавија Јапонија, Австрија, САД, Велика Британија, Германија и Италија.

УНРВА истакна изјави дека се „крајно очајни“ и дека „хуманитарните потреби во Газа растат од час во час“.

Агенцијата отпушти неколку членови на персоналот поради тврдењата дека биле вмешани во напад на Хамас, при што загинаа околу 1.300 луѓе, а 250 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е „згрозен“ од обвинувањата и апелираше до земјите донатори да „го гарантираат континуитетот на операциите на УНРВА“.

– Од инволвираните 12 лица, девет беа веднаш идентификувани, а генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини веднаш ги отпушти, беше потврдено дека едно лице е мртво, а идентитетот на другите две се разјаснува, посочи Гутереш.

- Реклама -