УНИЦЕФ: Бесмислено е да се мисли дека убивањето деца ќе донесе мир

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, по посетата на болницата „Насер“ во местото Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, денеска изјави дека „целосно е апсурдно да се мисли дека убивањето деца ќе донесе мир“.

Во интервју за „Ал Џезира“, Елдер го опиша тоа што го гледа како „погубно“, нарекувајќи ја болницата и „одделение за итни случаи“ и „воена зона“.

-Каде и да се свртите, децата се изложени на ризик. Видов деца со ампутирани екстремитети, момчиња и девојчиња кои до пред шест или седум недели си играа со своите пријатели, рече Елдер.

Тој ги пофали неверојатно храбрите, неуморни здравствени работници кои работат деноноќно за да се грижат за секое дете, предупредувајќи дека лекарите се принудени да носат одлуки што не би требало да ги носат.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Елдер кажа дека помошта што влезе во Газа во последните денови е голема, но не и доволна.

-Ќе биде доволно само ако овие кратки паузи и прекини на огнот се прошират во траен мир. Не можеме да мислиме дека уништувањето на Газа и убивањето деца ќе донесат мир во регионот, тоа е крајно бесмислено, рече Елдер и повика да се испрати дополнителна помош која би била испорачана во услови без вооружен конфликт.

МИА

- Реклама -