Уникатното бело Алберобело

shutterstock_273437714

Алберобело е мала населба во Јужна Италија. Во буквален превод името значи „убаво дрво”. Позната е по редовите бели куќи, кои на гратчето му даваат уникатен и несекојдневен изглед.

trulli-di-Alberobello[1]

Овие уникатни градби се познати како „Трули“. Покривите им се градени од варовник и други камења, без користење на никаков поврзувачки материјал, како што е малтерот. Заради ова, гратчето се наоѓа на листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Alberobello-1112x630[1]

Како што рековме, овие камени колиби се изградени од плочки од варовник, наредени една врз друга, за да формираат пирамидални, куполести или конусни покриви. И покрај недостатокот на малтер, структурата е изненадувачки стабилна.

shutterstock_390727546

Стилот Трули настанал кога локалните жители имале потреба од лесно-расклопливи куќи. Идејата била да ги сокријат своите домови од даночните инспектори, испратени од кралот на Неапол.

shutterstock_331069820

Варовникот бил собиран од соседните региони. Ѕидовите се положени директно врз основата, по отстранувањето на површинскиот слој на почвата, кога тоа било потребно.

shutterstock_381611605

Имаат мали прозорци, а камините, печките и местата за седење се врежани во дебелите камени ѕидови. Покривите се изградени од два слоја, а повеќето куќички имаат генијални решенија за собирање на дождовницата.

shutterstock_153012818

Дебелите камени ѕидови ги чуваат жителите од топлото сонце, ама во зимските месеци во куќите станува смрзнувачка. Затоа денес преживеаните куќи во стилот Трули пред сé служат како продавници, ресторани и хотели, што не значи дека во многу од нив веќе не живеат локалните жители.

shutterstock_314168258

- Реклама -