Нова идеја во светот на угостителството и туризмот започнува да добива форма во изолираната природа на Харадс во Шведска. Treehotel им нуди на гостите уникатно искуство: сместување во уникатни соби сместени на дрвја. Целта на оваа идеја е да им овозможи на луѓето постоење во хармонија со чистата природна средина.

Овој нов хотелски концепт е малку чуден, но егзотичен. Проектот започнат од група шведски архитекти кои очигледно сакаат да остварат некој детски сон. Овие соби ќе бидат направени во неколку стилови, од оние направени да изгледаат како гнезда од птици, до големата коцка направена од полиран алуминиум. Оваа куќа на огледала е дизајнирана за да ги рефлектира околните дрва, со што целосно ќе се вклопи во околината и ќе стане речиси невидлива. За да се избегнат несакани повреди на животните, полираниот алуминум ќе биде обложен со тенок филм кој ќе биде видлив само за птиците.