УНХЦР: Приближно 875.000 луѓе ја напуштиле Украина, 200.000 за еден ден

Женева, 2 март 2022 (МИА) – Бројот на украинските бегалци се искачи на речиси 875.000, соопштија денеска Обединетите нации, во седмиот ден од руската инвазија врз Украина.

На интернет-страницата на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) досега вкупно 874.026 луѓе ја напуштиле Украина.

„Тоа е огромен пораст од околу 200.000 бегалци во споредба со 677.000 бегалци претходниот ден“, нагласи шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

Речиси половината од луѓето кои ја напуштиле Украина (454.000) избегале во Полска, 116.000 во Унгарија, 79.000 во Молдавија, 67.000 во Словачка, 45.000 во Романија, 43.000 во Русија и 350 во Белорусија. Останатите 70.000 се во други европски земји.

Прочитајте и:  Русија предупредува на „катастрофални последици“ по одлуката на Бајден да дозволи напади со ракети длабоко на руска територија
- Реклама -