Унгарец стана нов сопственик на фудбалскиот клуб Вардар


Нов сопственик на Вардар е Атила Бижен Жалили кој живее во Унгарија и тој откупил 85% од акциите на клубот, а наскоро се очекува оваа информација да биде и официјално потврдена од таборот на црвено-црните.

Според неофицијалните информации, станува збор за фирма чија што основна дејност е производство и тргување на струја.

Во Вардар веќе неколку години владеат финансиски проблеми, а пред почетокот на оваа сезона во клубот инвестираше компанијата за игри на среќа „Новоматик“.

- Реклама -