Уште една шолја кафе не е единствениот начин во борбата против уморот. Неколку промени во дневната рутина би можеле да бидат сѐ што ви е потребно за да останете сконцентрирани и позитивни во текот на целиот ден.
Вистинскиот појадок го брка уморот, погрешниот го зголемува
Ако наутро се најадете индустриски преработена храна со мала хранлива вредност сосема е сигурно дека ќе имате помалку енергија. Наместо тоа, денот почнете го со здрав појадок богат со овошје и зеленчук.
Вежби
Ако најдете време за вежбање ќе го зголемите нивото на ендорфин. Освен тоа движењето ќе создаде нова енергија, па тоа е еден од најдобрите начини за борба против уморот. Имајте на ум дека вежбањето поттикнува добар сон така што следното утро ќе се разбудите посвежи.
Течности
Внесот на доволно количина вода е темел на здравото варење, сјајна кожа и борба против уморот. Знаете ли дека уморот е еден од првите знаци на дехидрација?
Пауза
И пет минути прошетка на свеж воздух и дневна светлина ќе ви даде енергија и ќе ви го подобри расположението. Ако сте многу зафатени на работа и немате време за пауза, растегнете се на бирото додека седите и така барем малку ќе го намалите стресот на рамената, вратот, зглобовите и грбот и ќе останете сконцентрирани.
Пред спиење не користите електронски уреди
Барем 20 минути пред да заминете во кревет на спиење исклучете ги сите електронски уреди. Така ќе му дадете време на телото природно да се прилагоди и да потоне во здрав сон.