Аријана Пејџ Расел „пати“ од дерматографија што претставува таква состојба на кожата при која се создаваат црвени испакнатини кога ќе се почеша. Наместо комплекс, оваа девојка од ваквата состојба, си развила хоби.

Таа вели дека нејзината кожа често се воспалува и отекува. Дерматографијата ја опишува како состојба во која еден имунолошки систем манифестира хиперчувствителност изразувајќи го тоа преку кожата. Кога кожата е иритирана со некој предмет, таа испушта прекумерна количина на хистамин што предизвикува растегнување на капиларите и појава на лузни кои остануваат околу 30 минути. Аријана вели дека ова и овозможува безболно да си црта и пишува по кожата после што ја фотографира, на тој начин овековечувајќи ја уметноста на нејзиното тело.