Додека повеќето од нас одвај ќе ги запамтат улиците кога се во нов град, Stephen Wiltshire само со еден поглед ќе го меморизира целиот град до ситница. Го нарекоа „Човечка камера“ заради неверојатната способност со еден
поглед на панорамата на некој град да може да го репродуцира целиот до
последниот прозороц.
Додека повеќето од нас одвај ќе ги запамтат улиците кога се во нов град, Stephen Wiltshire само со еден поглед ќе го меморизира целиот град до ситница. Го нарекоа „Човечка камера“ затоа што само со еден поглед на панорамата на некој град може да го репродуцира целиот до последниот прозороц.
Stephen Wiltshire е аутист и во првите години од неговото детство тој бил нем. Наскоро ја открил неговата љубов кон цртањето кога тргнал во училиште и неговата неверојатна способност за меморирање кога на 11 години совршено ја насликал панорамата на Лондон после едно возење со хеликоптер.
Последнава декада, тој ги репродуцира на цртеж градовите во светот, откако ќе им фрли поглед од 30 само минути од хеликоптер. Секогаш успева со својата неверојатна способност да ги шокира луѓето. Во неговите слики од 10 метри со панорами од за него непознати градови можат да се најдат само една до две грешки. Досега, тој има направено детални скици од панорамите на Токио, Рим, Хонг Конг, Франкфурт, Мадрид, Дубаи и Лондон.
{youtube}dAfaM_CBvP8&eurl{/youtube}