Улично осветлување од рециклирани бубањи од машини за перење

DSC_3219-576a7a90bf2d4__880

По повод фестивалот на Сао Педро, во Камара де Лобос, на островот Мадеира во Португалија, група уметници поставија светла направени од бубањи на стари машини за перење. Поточно – 133 машини за перење, кои тимот ги собирал 6 месеци.

Некои се од ѓубре, некои се донирани од сопствениците кои веќе не можеле да ги користат. Првичната замисла била да се соберат 100 бубањи, ама ете, нови и нови не престанувале да пристигнуваат.

Проектот предизвика силна позитивна реакција, а и изгледа прекрасно. Сепак, носи и порака: Teatro Metaphora (тимот зад проектот) е асоцијација која промовира еколошка добросостојба и одговорна употреба на материјалите (рециклажа).

We-put-133-old-washing-machine-drums-to-illuminate-the-street-576a7b7aec2f3__880

We-put-133-old-washing-machine-drums-to-illuminate-the-street-576a7b631fb6c__880 We-put-133-old-washing-machine-drums-to-illuminate-the-street-576a7b52ef1f1__880

DSC_3218-576a7a8ad461d__880

- Реклама -