Приказните за улични кучиња по интернет обично секогаш се тажни, но често со хепиенд. Таква е и оваа за Холанд.
Холанд била најдена и оставена во стационар на 27 септември, во ужасна состојба – преплашена, неухранета и со уништено крзно и залепено/заплеткано крзно.
Сето тоа ќе се смени благодарение на здружението Trio Animal Foundation, кои веднаш почнале да работат на подобрување на состојбата на кучето.
Првиот чекор бил шишање. За да се направи што побезбедно, Холанд била ставена под седативи и однесена на хируршко шишање на ветеринар. Се покажало дека нема посериозни повреди и проблеми освен кожните – модрици, исеченици и рани по целото тело.
По шишањето и некое време медицински третман и емоционална рехабилитација, Холанд е здомена и, очигледно од сликиве, не може да престане да се смее.