Фотографот Роберт Гоцфрид имал шанса да патува во Камбоџа и поминал 10 дена во главниот град Пном Пен. Камбоџа е многу сиромашна земја со многу тешко минато, потсетува Гоцфрид. Економијата до ден денес е на незавидно ниво.
„Видов луѓе како живеат на улица со најосновните работи, како што не сум видел никаде на моите патувања. Нешто што забележав е дека има берберници насекаде во градот, и без разлика колку малку пари имаат луѓето што живеат на улиците таму, ретко ќе најдете некој што не е фино потшишан“, раскажува фотографот.
„Друго што забележав е дека овие бербери, кога не работат, едноставно си ги оставаат стварите на истото место, и никој не краде ништо, без оглед што луѓето се толку сиромашни. Се чини дека имаат одличен сенс за заедништво“.
Нешто што ние забележавме се смартфоните. Интересен феномен, нели? Кај и да одите, колку и да се сиромашни луѓето, пак многу од нив имаат мобилен…
Што се однесува до Гоцфрид, планира да се врати во Камбоџа. Овој пат и да се потшиша.