Заборавете на она што го велат дизајнерите, трендовите не излегуваат од нивните студија на улиците, туку процесот е поверојатно (или се повеќе) обратен. Креативни анонимни индивидуалци од целиот свет се пионери на модата, носејќи ја облеката на нов и неочекуван начин во креирањето на својот сопствен стил.

Голем е бројот на блогови за улична мода, со фотографии од реални луѓе уловени на улиците на светските метрополи, такашто ова е веќе глобален феномен. Еден од највлијателните блогови за улична мода е блогот на фотографот попознат како The Sartoriallist, т.н. крал на уличната мода.
Еден од попознатите и поактуелни блогови е и блогот на Ivan – the facehunter, кој ги лови своите „жртви“ во клубовите и улиците на Париз, Лондон и другите европски метрополи.
Кога се зборува за улична мода неизбежно е да се спомене Јапонската која сама по себе е феномен. Се работи за една субкултура од млади луѓе лоцирана во Токио, посебно на улиците на Harajuku, со ексцентричен начин на комбинирање на традиционалната јапонска облека со онаа од западен стил, hand-made облека и модни додатоци, со силно влијание на аниме, готика, лолита-стил…
{youtube}4UfQjOcmFXA{/youtube}
Hel Looкs е блог инспириран од јапонските Fruits и Street магазини,пионерите на фотографијата за улична мода, a кој го документира индивидуалниот стил во Хелсинки.
Речиси секој поголем град има блог за улична мода, на Street Peeper може да се видат фотографии од сите поголеми светски метрополи заедно на едно место.