Украсни кофчези од Гана

vozenparkppЗа племето Га од брегот на
Гана, погребите се време за жалење, но и за прослава. Луѓето од овој
крај веруваат дека кога саканиот ќе умре, тој преоѓа во друг живот, а
тие се тука да ја спроведат церемонијата со стил, со тоа што им одаваат почит на
мртвите со живописни кофчези и го слават начинот на кој живееле.

vozenpark
возен парк од кофчези
 
За племето Га од брегот на
Гана, погребите се време за жалење, но и за прослава. Луѓето од овој
крај веруваат дека кога саканиот ќе умре, тој преоѓа во друг живот, а
тие се тука да ја спроведат церемонијата со стил, со тоа што им одаваат почит на
мртвите со живописни кофчези и го слават начинот на кој живееле.
 
Кофчезите се дизајнирани да го претстават животниот аспект на починатиот, како на пример: ако бил шофер го погребуваат во индентичен сандак-кола, ако бил рибар во риба, кондураџија-кондура, пушач-во цигара, спортист-во патика и слично по аналогија. Ова постхумно задоволство би ве чинело 500-600 долари.
 
Абаде Гловер, уметникот кој ги прави овие кофчези вели дека тие се како куќа за задгробниот живот и мора да бидат убаво изработени. Единствено жали што му треба многу време за да ги изработи, за потоа да бидат скриени под земја.
 
„До крајот на денот ќе го закопаме овој(покажувајќи кон едно од своите дела), за кое ми требаа многу часови работа и енергија“ – вели тој. 
 
airjordan
 погреб доличен за еден спортист:Air Jordan патика
 
bee5r
си пиеше по цел ден
 
cocacola6
многу сакаше Кока-Кола, Бог да го прости
 
cigarett5
цигарите го убија
 
fish8
нон-стоп беше со трската в рака
 
merced2bel
одличен шофер
 
onion3
многу сакаше младо кромитче
 
pineapple3
ананас:слатки сништа
 
shnajder
 за најдобрата шивачка
 
shoes2
немаше кондура што неможеше да ја поправи
 
- Реклама -