Украинците убиле еден од своите преговарачи во Гомел поради предавство

Киев, 5 март 2022 (МИА) – Украинска Правда денеска објави дека Денис Киреев, еден од украинските преговарачи вклучени во преговорите со Русија, е убиен во Киев.

Според весникот, кој се повикува на високорангирани политички функционери, Киреев бил убиен додека украинските безбедносни сили се обидувале да го уапсат под сомнение за предавство.

Според изворите на Правда, украинската Служба за безбедност имала „цврсти докази“ дека Киреев ѝ дал тајни информации на Русија, вклучително и снимки од телефонски разговори.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -