Украинското МО ќе ги ослободи заробените руски војници ако нивните мајки дојдат во Киев да си ги земат

Заробените руски војници ќе бидат ослободени, но под услов нивните мајки да дојдат во Киев да си ги земат своите синови, соопшти вчера украинското Министерство за одбрана.

На социјалните мрежи Украинците објавуваат десетици видеа од заробени руски војници, голем дел од нив запрепастувачки млади момчиња, кои сами се предале или биле заробени од украинските сили и пред воопшто да испукаат куршум. Повеќето од нив тврдат дека не знаеле каде одат и дека немале намера да убиваат. Судејќи според овие снимки, Украинците прават вонредни напори кон овие млади момчиња да се однесуваат со извонредна емпатија и добрина, сакајќи да покажат дека тие повеќе се грижат за нив отколку самите руски лидери, самата Русија, која, како што самите војници велат, ги искористила како „топовско месо“.

Прочитајте и:  Бербок: Путин сака да ги смрзне Украинците

По истата логика – дека овие „војници“ не ѝ се важни на Русија, но им се важни на нивните мајки, Украинците често им дозволуваат да се јават дома и преку видео повик да разговараат со нив. Намерата е очигледна, Украинците сакаат да ја заобиколат руската цензура и до обичните Руси да стигне пораката за она што се случува во нивната земја, надевајќи се дека обичниот руски народ ќе му се спротивстави на Владимир Путин и ќе ја запре војната.

- Реклама -