Украинскиот олимписки комитет се пожали до Меѓународниот: Некои олимпијци ја поддржуваат руската агресија, да им се забрани настапот

Олимпискиот комитет на Украина соопшти денеска дека на некои спортисти треба да им се забрани настапот на претстојните Олимписките игри во Париз бидејќи ја „поддржуваат руската агресија“.

Според одлуката на Меѓунардниот олимписки комитет (ИОК), руските и белоруските спортисти можат да се натпреваруваат на Игрите во Париз под неутрален статус, без националното знаме и химна.

Во украинското писмо до ИОК се наведува дека неколкумина руски спортисти ја „поддржуваат или оправдуваат агресијата врз Украина“.

Не наведувајќи имиња, Олимпискиот комитет на Украина посочи дека станува збор за спортисти кои присуствувале на митинзи, учествувале во натпреварувања организирани за поддршка на Русија и објавувале пораки на социјалните мрежи со поддршка на војната во Украина.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Украинскиот Комитет наведе дека дел од тие спортисти веќе избориле олимписка норма и побара од ИОК да посвети поголемо внимание на нивната „директна или индиректна“ поддршка на војната во Украина.

Олимписките Игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

- Реклама -