Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта

Русија изврши рекорден број напади со беспилотни летала во текот на ноќта над Украина, оштетувајќи згради и „критична инфраструктура“ во неколку региони, соопштија денеска од украинските ВВС.

„За време на ноќните напади, непријателот лансираше рекорден број беспилотни летала Шахед и неидентификувани беспилотни летала“, соопштија военото воздухопловство.
Тие прецизираа дека Украина била нападната во текот на ноќта со 188 дронови.

Прочитајте и:  Кирби: Заканите од Москва за противракетната база во Полска треба да се сфатат сериозно иако се неодговорни и неразумни
- Реклама -