Украински власти: Се верува дека 20.000 воени злосторства се извршени од почетокот на руската инвазија

Киев, 25 мај 2022 (МИА) – Според украинските власти, за околу 20.000 случаи се верува оти се воени злосторства, евидентирани во трите месеци од руската инвазија, јави ДПА.

Само полициските истражители регистрирале 13.500 такви случаи, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски во текот на вчерашниот ден на украинска телевизија.

„Ние работиме со странски обвинители, заедно со истражувачки тимови и експерти, но, најголем дел од работата го вршат украински службеници за спроведување на законот“, појасни тој.

Собраните докази ќе им бидат дадени на меѓународни тела, со цел Русите обвинети за воени злосторства да бидат одведени во суд, додаде министерот.

Млад руски војник беше осуден на доживотна казна затвор во Украина, во првото судење за воено злосторство од руската инвазија на земјата.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
- Реклама -