Украински разузнавачи тврдат дека пресретнале информации за тоа колку ќе трае војната

Украинското разузнавање објави информации што ги пресретнало од руската страна, а кои алудираат на тоа кога ќе завршат „специјалните воени операции“, како што ги нарекува Русија, во Украина.

Како што беше објавено на Фејсбук страната на украинското разузнавање и Министерството за одбрана, „Русија се подготвува за окупација на териториите што ги зазеде за време на војната“ и подготвува печати и разни симболи „кои укажуваат дека тоа веќе не се области под украинска власт“.

Но, покрај тоа, Украинците тврдат дека пресретнале датум кој се споменува како крај на војната.

„Меѓу окупаторската војска се шират информации дека рокот на траење на т.н. специјални воени операции е до септември 2022 година“, се вели во објавата.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ

Извор: МИА

- Реклама -