Украински командант: Следната година може да биде уште потешка

Командантот на оперативно-стратешката група на украинската армија „Таврија“, Александар Тарнавски, денеска предупреди дека претстојната 2024 година може да биде уште потешка за украинската армија поради потребата да се прекинат конфликтите.

„Мислам дека следната година, можеби, ќе биде уште потешка. Затоа што мораме да ги прекинеме непријателствата и да ги ослободиме нашите територии, а колку повеќе се приближуваме до остварување на оваа задача, главната цел на достигнување нашите граници, ќе биде уште потешка. Непријателот знае за тоа и ќе направи сè за да нè спречи да ја извршиме оваа задача“, рече Тарнавски во интервју за Би-Би-Си Украина.

На прашањето дали мисли дека е реално војната да заврши следната година, Тарнавски рече дека никогаш не го поставува прашањето за „крај на војната“, туку за победа.

Прочитајте и:  ММФ ќе бара од Украина девалвација на гривната, намалување на каматите и зголемување на даноците

Тој оцени дека ситуацијата е „исклучително тешка“ и дека Русите ги засилиле операциите речиси по целата борбена линија. Запрашан дали ситуацијата на фронтот е влезена во ќорсокак, Тарнавски рече дека мисли дека сè уште не е и нагласи дека не смее да се заборави дека Украина се бори со една од најсилните армии во светот, која има свои соодветни ресурси.

МИА

- Реклама -