Украинска полиција: Русија досега извршила 203 напади

Фото: Илустрација (од воените вежби на Русија и Белорусија)

Киев, 24 февруари 2022 (МИА) – Украинската полиција денеска соопшти дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси цела украинска територија.

Граничната полиција соопшти дека украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми.

Украинскиот министер за одбрана изјави дека некои руски војници биле заробени.

Советник на украинскиот претседател претходно изјави дека се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Херсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -