Украинецот што носи коњи на ушка

Луѓето јаваат коњи илјадници години наназад, ама еден Украинец покажува дека и нив им е дојдено ред некого да јаваат. Се работи за шампионот во кревање товар Дмитро Калаџи, кој меѓу другото се прослави и со тоа што носи живи и потполно свесни коњи на ушка. За да ја покаже својата неверојатна сила, нормално.

Како и повеќето други снагатори, Дмитро прави и еден куп други луди нешта: дозволува преку него да возат камиони, кова шајки со дланката и слично. Сепак, носењето коњи на ушка привлекува најмногу внимание. Збунетите коњи, наводно, најчесто уживаат во „јавањето“.

 

Не секогаш оди како подмачкано; коњите баш и не се навикнати некое чудно човече да ги крене и да ги носи наоколу. Калаџи, меѓутоа, обично им ги врзува нозете за да не можат да го повредат ако почнат да паничат. Вака, во најлош случај, може да изгуби рамнотежа и двајцата да паднат.

На Википедија страната на Дмитро стои дека човеков држи 63 Гинисови рекорди, и е шампион на првиот шампионат во кревање товар организиран од Анти-допинг федерацијата на кревање на товар. Дмитро е шампион во категоријата бенч-прес. Чудно, ама коњите не се спомнуваат.

 

- Реклама -