Украина тврди дека Русија употребила околу 60 севернокорејски проектили

Русија денеска употреби околу 60 севернокорејски проектили КН-23 врз Украина, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина, Андреј Черњак.

Тој додаде дека севернокорејските ракети се со мала прецизност, но и понатаму претставуваат опасност.

– Технологиите со кои се произведуваа се застарени, но сè уште претставуваат опасност … Овие резерви претставуваат и многу сериозна опасност за индустријата на Украина, за населението во Украина, за апсолутно сè, нагласи Черњак.

Тој исто така истакна дека Северна Кореја и доставува на Русија милиони артилериска муниција.

– Постојано гледаме движење на товар и контејнери, не исклучуваме дека има и артилериска муниција, која Северна Кореја ја чува во своите магацини. Иако Русија има свој воено-индустриски комплекс, има свои капацитети, употребува муниција што доаѓа од Северна Кореја, наведе Черњак.

Прочитајте и:  Украински разузнавач: На Русите во Украина им се приклучија 2.000 севернокореjски војници, ги кријат што е можно повеќе

Претходно Си-ен-ен објави дека поголемиот број компоненти во севернокорејските проектили, кои Русија ги користи при нападите врз Украина, се од западно производство. Околу 70 проценти од деловите се американски, а се употребуваат и компоненти произведени во Германија и во Швајцарија,

Додека Форбс објави оти Северна Кореја на Русија и доставила 100 артилериски система, вклучително самоодни хаубици М1989 и ракетни фрлачи М1991.

- Реклама -