Во најновиот руски напад врз Киев беа соборени 12 проектили и двe беспилотни летала, соопшти украинското воздухопловство.
Според нив, прелиминарните информации покажуваат дека се уништени шест воздушни балистички ракети „Кинжал“ и шест крстосувачки ракети „Калибр“.
Кинжал или Кх-47 се балистички ракети кои се лансираат од воздух и имаат дострел од околу две илјади километри, а се движат со околу десетпати поголема брзина од звукот.
Африканската мировна делегација која е денеска во Украина се засолни во хотелско засолниште поради експлозиите.
Се очекува јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а утре да отпатува за Русија на разговори со Путин.
МИА