Украина: Ректор фиктивно запишувал постари мажи како студенти за да не бидат регрутирани, рации во ресторани, барови и концертна сала во Киев

Ректорот на еден од универзитетите во украинската Закарпатска област е приведен поради организирање на шема за фиктивен прием на 300 мажи на возраст за регрутирање, објави Укринформ, повикувајќи се на извори од органите на редот.

– Во Закарпатија неодамна беше уапсен ректор на универзитет поради организирање коруптивна шема за запишување на постари мажи во фиктивни академски програми, рекол изворот.

Според органите на прогонот, преку оваа шема биле примени околу 300 полнолетни мажи.

Официјални претставници рекле дека наскоро ќе ги објават сите детали за притворот и истрагата.

Укринформ потсетува дека украинското Министерство за образование и наука ќе ги промени правилата за прием на докторски програми во 2024 година, вклучително и со воведување нов минимален резултат за прием и политика што ги ограничува договорните докторски студии на вонредни или вечерни програми каде што нема одложување на воената служба.

Локалните медиуми објавија и дека припадници на украинската армија влегуваат во ресторани, барови и концертна сала во Киев, ги проверуваат документите за воена регистрација и ги приведуваат мажите кои не се јавиле да служат војска.

Прочитајте и:  Рама „му се заблагодари“ на Путин: Со руската агресија и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан и е потребен на ЕУ

Објавени се и видеоснимки како украински офицери на 11 октомври се распоредени пред салата Палата на спортот во Киев, каде украинската рок група „Оушн Елзи“ имаше концерт. При излезот офицерите ги проверуваа документите и приведоа неколку мажи.

Проверки биле извршени и во луксузниот трговски центар „Гудвин“ и во популарниот киевски ресторан „Авалон“.

Според локалните извештаи, рации биле извршени и во клубови и ресторани во други украински градови, вклучително Харков и Дњепар во источна и централна Украина.

Сите украински мажи на возраст од 25 до 60 години се предмет на регрутирање, а на мажите на возраст од 18 до 60 години не им е дозволено да ја напуштат земјата.

- Реклама -