Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ и тврди дека постигнува успех

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут.

Истовремено Киев посочува дека обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила бил помал од тоа што Москва го тврди.

„Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори. Секторот на Бахмут останува епицентар на непријателствата. Напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех и ги заземаме брдата. Непријателот е во дефанзива“, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана на Украина – Хана Малиар.

Русија претходно соопшти дека одбила офанзива од големи размери на истокот и југот на Украина, како и дека им нанела големи загуби на Украинците во војници и опрема.

Прочитајте и:  Белорусија собори два руски дрона

Извор: МИА

- Реклама -