Украина: Од масовната гробница во Изјум ексхумирани 436 тела, на најмалку 30 има знаци на мачење

Киев, 23 септември 2022 (МИА) – Од масовната гробница во Изјум беа ексхумирани 436 тела, од кои на најмалку 30 има видливи знаци на мачење, соопштија денеска украински претставници.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синјег и шефот на регионалната полиција Володимир Тимошко денеска информираа за уште три лоцирани гробници во областите што украинските сили ги вратија во контраофанзива месецов.

Руските сили пред две недели го напуштија градот по украинската контраофанзива.

Потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Изјум и изјави дека „сцената е многу шокантна“ во градот по руската окупација.

Прочитајте и:  Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел го почнаа финалниот „напад на новата реалност“
- Реклама -