Украина нареди евакуација на цивилите од 26 села во североисточниот дел на земјата

Украина денеска нареди евакуација на 26 села од областа Харков на североистокот на земјата, поради повторените напади на руската армија во таа зона.

„Со оглед на ситуацијата, воведуваме задолжителна евакуација на населението од заедниците Киндрашивска и Курливска во областа Купјанск“, напиша на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Тој наведе 26 места на кои се однесува наредбата, во кои живеат 3.043 луѓе, меѓу кои 279 деца.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во синоќешниот руски артилериски напад се ранети најмалку три лица во местото Њујорк, кое се наоѓа во областа Донбас во источна Украина, а пет лица се уште се под урнатините.

Руската војска го нападна местото со наведувачки бомби, соопшти Министерството. Во нападите се оштетени шест трикатни згради и три куќи.

Прочитајте и:  Шолц: Германија нема да прекине со давањето воена помош на Украина

Русија денеска соопшти дека во текот на ноќта неутрализирала неколку украински беспилотни летала над нејзините погранични области со Украина, а во еден од нападите била ранета и едно девојче.

Како што соопштија локалните власти, уништени се пет украински беспилотни летала, три се пресретнати над регионот Воронеж и четири над регионот Белгород, кои се наоѓаат на границата со Украина.

– Девојче родено во 2013 година е повредено од фрагменти од соборениот дрон кој паднал врз нејзината зграда, изјави гувернерот на областа Воронеж, Александар Гушев.

Во последните недели, Киев и Москва ги засилија нападите во војната што трае речиси две години.

МИА

- Реклама -