Украина ќе повлече над 100.000 минофрлачки мини поради лош квалитет

Министерството за одбрана на Украина повлече одредена серија мини со калибар 120 милиметри од употреба и најави дека во иднина ќе мора да се потпира на увезената муниција.

Украинското МО иницира истрага откако изминатите три недели само една од десет минофрлачки мини со калибар 120 мм произведени во Украина била исправна.

Прелиминарната истрага покажа дека најверојатни причини за тоа се лошиот квалитет на барутното полнење или непочитување на правилата за складирање на муниција.

Поради тоа Украина најверојатно ќе мора да повлече над 100.000 мини од домашно производство.

Државното обвинителство на Украина иницира кривични постапки и најави санкции за одговорните лица. Исто така најави и построги контроли на производството и условите за складирање на муницијата.

Прочитајте и:  Оштетен телекомуникациски кабел што ги поврзува Финска и Шведска
- Реклама -