Украина изгубила 14.000 војници само во ноември, испораките на оружје за Русија неколкукратно зголемени споредени со лани, тврди Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина загубила речиси 14.000 војници од почетокот на месецот.

Тој на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека руската војска „продолжува да го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина во сите правци“.

Шојгу рече и дека испораките на беспилотни летала за вооружените сили на Русија се зголемени за 16 пати во споредба со почетокот на претходната година.

Во споредба со почетокот на претходната година, испораките на главните видови ракетно и артилериско оружје за вооружените сили на Русија се зголемени за 4.9 пати. Испораките на оклопни возила се зголемени за повеќе од три пати, а испораките на беспилотни летала се зголемени за 16 пати, рече Шојгу.

Прочитајте и:  Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна

Тој додаде дека испораките на муниција се зголемиле за 12 пати, додека испораките на високопрецизни ракети со долг дострел се зголемиле за пет пати.

МИА

- Реклама -