Очекувано, УЕФА нема да воведе видеотехнологија

Последното нешто што би сакал Мишел Платини да се случи е да се воведе нова технолгоија во фудбалот, бидејќи на тој начин драстично ќе опадне бирократското влијание во најпопуларниот спорт.

За разлика од првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, Платини изјави дека нема да се покрене иницијатива за воведување на видеотехнологија во европскиот фудбал. По погодокот што го постигна Украина, а не беше признат на мечот против Англија, Сеп Блатер даде изјава: „Време е за нова технологија во фудбалот“. Но, со тоа не се сложува Мишел Платини.

„Оној удар на Украина беше погодок, нема сомнение, но тоа не значи дека сега треба да воведеме видеотехнологија на головите. Сепак, ако зборуваме отворено, на голот на Украина му претходеше офсајд, па знае ли некој до каде ќе треба да одиме доколку воведуваме новини во судиските одлуки за фудбалската игра?! Што ќе се случи ако некој игра на гол – линијата со рака, а судијата и тоа не го види. Дали ќе треба да вградуваме и сензори. Тоа е веќе една сосема поинаква димензија на фудбалот. Доколку ФИФА сака да експериментира, нека го направи тоа, но УЕФА нема“, изјави Мишел Платини.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер
- Реклама -