УЕФА сака да воведе ограничување на платите на играчите

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин, зборуваше за плановите за воведување ограничување на платите во Европа.

„Изненадувачки, сите се согласуваат. Клубови големи и мали, владини тимови, клубови во сопственост на милијардери, сите се согласуваат. Во иднина треба сериозно да размислуваме за лимитот на платата. Ако буџетите вртоглаво растат, тогаш конкурентниот биланс станува проблем. Не се работи за сопствениците, туку за вредноста на конкуренцијата, бидејќи ако секогаш победуваат пет исти клуба, тогаш сето ова ќе го изгуби своето значење. Но, тоа треба да биде колективен договор – секоја лига и УЕФА. Затоа што ако ние го правиме тоа, а другите лиги не го сторат тоа, нема смисла. Се надевам дека ова може да се направи што е можно поскоро. Во моментов дојдовме до ново правило кое ќе стапи на сила по 2024 година. Ќе може да се трошат до 70% од приходите за плати и исплата за трансфери. Но, оваа мерка не е доволна, бидејќи 70% од приходот од пет милијарди е голем“, изјави Чеферин.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Тој се надева дека мерката ќе даде резултат и не се плаши дека сопствениците на клубовите ќе бидат премногу моќни или нешто слично.

„УЕФА е одговорна за европските натпреварувања и сега имаме одлични односи со Европската клупска асоцијација“, додаде Чеферин.

Овој чекор на УЕФА доаѓа по сѐ почестите реакции за високите плати на фудбалерите изразени во десетици, па и стотици милиони евра.

МИА

- Реклама -