УЕФА го казни албанскиот репрезентативец кој ги пцуеше Македонците


Мирлинд Даку ја доби казната за скандалозното однесување во натпреварот против Хрватска.

Албанскиот репрезентатитивец по завршувањето на натпреварот во кој немаше победник (2:2), а Албанија постигна гол во финишот испрати пцовки и кон Македонците.

Денеска е потврдено дека УЕФА ќе го суспендира Даку со два натпревари.

Оваа суспензија значи дека Даку нема да може да игра утре против Шпанија, но и во осминафиналето ако Албанија избори пласман.

- Реклама -