Есенва ви предлагаме патиките да бидат ѕвезда на вашиот орман.
Иако голем број жени „паѓаат во љубов на прв поглед“ со високите потпетици, патиките се непогрешлив избор во модната индустрија.
Благодарение на дизајнерите, сега практичните обувки можете да ги комбинирате буквално со сè – макси фустани, кратки фустани, палто, панталони…нема гардероба со која нема да можете да усогласите еден пар удобни патики.
Со оглед на тоа што се ближат студените денови, патиките со крзно или подлабоките модели ќе ја задржат топлината на нозете, а предност даваме на изборот на вино бојата, која и оваа година ќе биде апсолутен хит.
Еве неколку комбинации.