Удинезе го приреди најголемото изненадување во второто коло од Лигата на Европа, откако на гостински терен славеше над Ливерпул со 2:3.
„Фриулијаните“ беа целосно надиграни во првото полувреме, кога Шелви му донесе водство на Ливерпул, а домаќините имаа и преку 70% од поседот на топката. Сепак, Антонио ди Натале постигна гол во првата акција од второто полувреме и оттука започна целосниот пресврт.
{youtube}AAZ_81SuI8M{/youtube}
Нешто подоцна Удинезе постигна два гола за две минути и поведе со 1:3, а сѐ што Ливерпул стори до крајот беше утешниот погодок на Суарез, вистинско ремек-дело од слободен удар.