Убиен е светски шампион во скок во височина


Поранешниот светски шампион во скок во височина Жак Фрајтаг беше пронајден мртов во вторникот. Јужноафриканските медиуми објавија дека Фрајтаг, кој се водеше за исчезнат две недели, бил пронајден со прострелни рани.

Неговото тело е пронајдено во тревата во близина на гробишта во Преторија Западна, Јужна Африка, а полицијата го третира случајот како убиство, пренесува Ројтерс.

Фрајтаг ги освои светските првенства за млади, јуниори и сениори. На Светското првенство во Париз во 2003 година освои злато во скок во височина. Неговиот рекорд во кариерата беше 2,38 метри.

- Реклама -