
-По преземени оперативно-тактички мерки и активности, полициските службеници извршија интервенција во момент на купопродажба на улицата „Беличица“ во Гостивар. На местото на настанот од слобода се лишени Б.И.(42) и С.Ј.(48), двајцата од Гостивар. При извршениот преглед кај лицата биле пронајдени кокаин и марихуана, информира МВР.
По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот на Б.И., при што биле пронајдени и одземени уште шест опаковки со кокаин, како и парични средства во различни апоени.
Двете лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци



