Уапсен шеф на голема украинска компанија, ги снабдувал Русите со опрема за воени авиони

Украинските власти соопштија дека го уапсиле Вјачеслав Бохуслаев, шеф на големата украинска компанија „Мотор Сич“, еден од најголемите светски производители на авионски мотори со седиште во Запорожје, објави „Киев Индипендент“.

Украинската служба за безбедност (СБУ), информираше дека го сомничи Бохуслаев за соработка со Русија. Како што соопштија за медиумите, апсењето на шефот на компанијата е „дел од кривичната истрага за нелегалните активности на ‘Мотор Сич’, односно снабдување на Русија со опрема за воени авиони“.

Покрај Бохуслаев, СБУ го уапсила и шефот на одделот за економски активности со други земји, но неговото име не беше објавено.

Двајцата се осомничени за „соработка со претставници на руската државна одбранбена компанија ‘Ростек’, еден од главните производители на оружје за руската армија“. Според СБУ, тие „воспоставиле транснационални канали за нелегално снабдување на руски воени авиони со мотори на украински авиони“. Русија, пак, ја користела набавената опрема за производство и поправка на своите борбени хеликоптери Ка-52, Ми-28 и Ми-8, кои, како што потенцира СБУ, Русија „масовно ги користи“ во нападите врз Украина.

Прочитајте и:  Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна

Инаку, кога се во прашање руските воени авиони, денеска уште еден „Сухој“ се урна во станбен објект при вежбовен лет, во рускиот сибирски град Иркутск, при што загинаа двајцата пилоти (видеа ТУКА). Неколку дена порано, борбен авион се урна во станбена зграда во рускиот град Јејск, при што загинаа 15 лица, а 19 беа повредени.

- Реклама -