Утрово, во вжештена атмосфера, премиерот Заев одржал средба на која биле повикани двајца министри, неколку директори на агенции и први лица во обвинителствата и судовите, дознава и објави „ТВ24“, повикувајќи се на свои извори во кабинетот.
На средбата, премиерот барал детално да биде информиран за тоа кога и кои чекори биле преземени од институциите пред и за време на бегството на поранешниот шеф на УБК – Сашо Мијалков, со цел утврдување на можни пропусти.
Како што пренесува „ТВ24“, Заев бил очигледно гневен, имало обраќања на висок тон, а средбата поминала во нервозна атмосфера и меѓусебно префрлање на вината меѓу претставниците на разните институции. Премиерот дал рок од 3-4 дена за резултати во расветлување на случајот, но и се заканил дека ако Мијалков не биде пронајден, ќе има разрешувања и ќе побара јавна одговорност.